Toyo Tire & Rubber

Toyo Tire & Rubber Co. Ltd. е еден од водечките светски производители на гуми со сопствени подружници или компании застапници во преку 100 земји и региони. Во овој момент компанијата брои преку 6.000 вработени. Основана е 1945 година, а седиштето на групата е лоцирано во Осака во Јапонија.

Деловните активности на компанијата се засноваат на три основни гранки: гуми, автомобилска технологија и хемикалии. TOYO TIRES веќе 30 години била присутна во Европа, кога во 2005 година е основана Toyo Tire Europe GmbH како европско седиште на компанијата.

Основна дејност на TOYO TIRES се базира на развој, производство и продажба на квалитетни гуми со високи перформанси. Разновидната производствена програма опфаќа зимски и летни гуми за автомобили, возила со погон на сите четири тркала и теренски возила, како и за комерцијални и товарни возила.

TOYO TIRES се користат како оригинална опрема кај многу водечки марки на автомобили: Audi: Q7, RS 4, RS 5, TT-RS, TT&TT-S; Mazda: CX-5, Mazda 2, Mazda 3, Mazda 5, Mazda 6; Nissan: Cube, X-TRAIL; Daihatsu: Terios; Mitsubishi motors: Outlander; Renault: Megane R26.R; Toyota: Prius, Prius+, Rav 4, Land Cruiser/Prado.



Toyo
СЛЕДИ НÈ НА FB

© 2017 Euroimpex DOO & © 2017 Toyo Tires