ЕУ ознаки за гуми

oznaki 1 Европската унија воведе задолжително обележување на сите нови гуми, со цел да се обезбедат стандардизирани информации за влијанието на потрошувачката на гориво, прилепувањето на влажни површини и надворешната бучава за време на ротацијата. Од ноември 2012 година, сите релевантно нови пневматици (DOT 2712 или понови) кои се продаваат во Европа, мора да ја имаат оваа ЕУ ознака. Целта на овој пропис е поголема безбедност и еколошка ефикасност на патниот транспорт преку промовирање на безбедни и ефикасни гуми со ниско ниво на бучавост. Додека пак, целта на овие ознаки е овозможување на основни информации на крајните корисници како би им се помогнало при изборот на нови гуми.

oznaki 2

1 Намалување на влијанието врз животната средина

Отпорот при ротација / влијание врз потрошувачката на гориво (A-G)

- Се изразува како „отпор при ротација“.
- Отпорот при ротација директно влијае на потрошувачката на гориво и на околината.

При понизок отпор на ротација, гумата губи помалку енергија,со што придонесува за помали сили на отпор, а со тоа директно се намалува потрошувачката на гориво и емисија на CO2. (Оцена D не се користи).

oznaki 3

2 Поголема безбедност

Прилепување на влажни површини (A-G)

- Гумите со добро прилепување на влажни површини, имаат пократка трага на кочење на влажен коловоз.

Способноста за прилепување на влажни површини исто така се оценува од А до G, при што А укажува на најдобро прилепување на влажни површини, а G укажува на најниско. (Оцени D и G не се користат).

oznaki 4

3 Намалување на бучавоста

Надворешна бука при ротација (dB)

- Една црна линија означува најдобар резултат кога нивото на бучавост е во прашање. Тоа значи дека нивото на бучава кое гумата го произведува е најмалку 3dB под идниот Законски лимит.

- Три црни линии укажуваат на најслаб резултат во смисол на бучавата која гумата ја произведува. Ова претставува ниво на произведена бучава кое е помеѓу моменталниот максимум и новиот понизок лимит, кој ќе се воведе во Прописите 661.

СЛЕДИ НÈ НА FB

© 2017 Euroimpex DOO & © 2017 Toyo Tires